Сонот и вежбањето ги лечат главоболките

Сподели со своите пријатели

Според стручните проценки, една на секои 25 возасни личности има повеќе денови со главоболки отколку без нив. Со време лицата сами сфаќаат што кај нив ја поттикнува главоболката и презимаат превентивни чекори, но ви пренесува и дел од нив.

Loading...

Вежабање

Получасовно шетање, возење велосипед или некои други умерени физички активности би требало да станат ваша рутина.

Експертите велат дека се уште не е познато како точно физичката активност влијае на спречување на главоболките, но претпоставуваат дека најголема улога во превенцијата има хормонот ендорфин кој се лачи за време на вежбањето, како и истегнувањето и опуштањето на мускулите, особено на вратот и рамениците.

Слабеење

Главоболките најчесто се јавуваат кај лица со преголем индекс на телесна маса, особено над 30, а студиите покажуваат дека лицата кои слабеа, по губитокот на килограмите поретко имаат главоболки.

Спиење

Премалку и премногу сон може да предизвика главоболки. Стандардна препорака се осум часа сон дневно, иако секој треба својот број на часови поминати во креветот да ги прилагоди на својот биоритам

Loading...

Leave a Reply