Сончево време со наоблачување во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Викендот во Македонија ќе започне со релативно фино време. Без некои очекувања за дожд, освен доцна попладне во планинскиот крај во западниот дел од земјата, и тоа сосема слабо проврнување. Умерена облачност се очекува во текот на денот, а попладне ќе има тенденција на намалување на и облачноста во источниот регион.

Loading...

 Температурата нема да биде особено висока.

Од 34°С до 36°С долж повардарието, околу 30°С во југозападниот регион и околу 33°С во котлините од источниот крај.