Сончево со слаб северен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде претежно сончево, вдолж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Во утринските часови можна е појава на магла, а температурата ќе се движи околу два степени под нулата. Во текот на денот максимумот се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.

Leave a Reply