Сончево со локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од утрински 2 степени до максимални 17 во текот на денот.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.

Leave a Reply