Сончево, по одделни котлини со слаба магла

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Температурите ќе се движат од 2 степени во текот на утрото и максимална дневна до 19 степени целзиусови.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет

Leave a Reply