Сончево и ветровито со температури до 34 степени

Loading...
Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и кон источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 до 34 степени целзиусови. УВ индексот ќе има висока вредност со коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната температура ќе изнесува 28 степени целзиусови.

Потоа следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.