Сонце, ветер, облаци и температура до 23 степени

Сподели со своите пријатели

Пролетни и невообичаени температури за февруарски ден можеме да очекуваме во текот на денот, пишува порталот МетеоПро.мк.

Топло ќе биде дури и во раните утрински часови со температури од 6 до 10 како минимални вредности. Максималните пак ќе се искачат од 18 до 23 степени. Ќе биде облачно во текот на утринските и претпладневните часови, со услови за слаб дожд во крајниот западен дел од земјата, а потоа облачноста ќе се намали и ќе настапат подолги сончеви периоди.

Во Куманово и околината ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 19-от степен, додека минималната во текот на ноќта ќе изнесува 8 степени целзиусови.

Во вторник и среда ќе има преодно стабилизирање на времето. Од четврток повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд кои наместатемпературата на воздухот ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.