Солзи во студиото на „Пинк“ поради гласот на 11-годишно момче (видео)

Сподели со своите пријатели

„Ова натпреварување можеме веднаш да го завршиме, бидејќи ова беше совршено… Сите елементи на добро пеење ги имаш“ – коментираше воодушевениот Хари Мата Хари.

Loading...

Првата емисија од втората сезона на „Пинкови ѕвездички“ која се емитува на телевизијата Pink ја направи сосема поинаква неверојатниот Марко Бошњак кој не само што го воодушеви жирито, туку успеа и да го расплаче со начинот на кој успеа да ја испее песната „One Night Only“ од Џенифер Хадсон.

„Знаеш дека ова е единствениот настап кој успеал да го расплаче целото жири?“ – го запраша Гоца Тржан.

Водителката Маријана признава дека се исплашила, бидејќи мислела дека малиот Марко е чудо од друга планета.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.