Сојуз на борци: Кумановските партизани се кренаа на востание на 12 октомври (видео)

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на поранешната Зграда за општествени дејности, денес по повод 74 години од народното востание против фашизмот и прославата на македонскиот државен празник 11 Октомври,  Општинскиот Одбор на Сојуз на Борци во соработка со Општина Куманово организираше свечена седница и прием за учесниците во НОБ.

Loading...

[huge_it_gallery id=”218″]

 

Учесникот во НОБ, Спиро Зафировски, на почетокот на свечената седница, најавувајќи го како “другар”, му даде збор на секретарот на ОО на СБМ Куманово, Благе Јакимовски, кој пред присутните говореше за почетоците на првите партизански движења во Куманово.

– Куманово низ векови покажа неприфаќање на ненародни режими, што се докажа и со востанието на 11 Октомври. Следејќи го примерот на прилепските партизани кои се кренаа на востание на 11 – ти, кумановските партизани излегуваат на 12 октомври, откако Димитар Алексиевски – Пекар, по добиена задача да оди во Скопје, се враќа на 11 – ти кога прилепските партизани веќе го организирале востанието, истакна Јакимовски.

Учесникот во НОБ од Куманово, Спиро Зафировски, на денешната седница се осврна на борбите на кумановските одреди кои иако биле разбиени од окупаторот, тоа не ги одвратило партизаните да работат во прибирање на податоци и оружје за отпочнување на борба против окупаторот и домашните предавници.

Loading...

Главна улога според Зафировски во 1943 година и повторно организирање на партизаните одиграл Панче Пешев и народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош.

По повод 11 Октомври, во недела, со почеток во 11 часот, на кумановската Спомен Костурница, ќе биде положено свежо цвеќе со пригодна програма организирана од локалната самоуправа на Куманово.