Со претставата „Идиоти“ заврши фестивалот „Денови на комедија 2015“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Претставата „Идиоти“ во реализација на Театар Куманово го затвори фестивалот „Денови на комедијата 2015“. Под режисерската палка на Мирослав Петковиќ претставата ја доживеа и премиерата, а вечерва е втората реприза, која веќе е распродадена.

Loading...

Главните улоги во претставата ги играа Марко Трајковиќ, Александра Милановска, Владо Дојчиновски и Мартин Лазаревски, кои за неполни 20 дена со многу труд и посветеност ја подготвуваа претставата.

Претставата ја подготвувавме од крајот на септември, така да имавме околу 20 неполни дена да ја подготвивме, но со напорна работа и дупли проби успеавме да извадиме некаков резултат. Мислиме дека публиката е задоволна – изјави режисерот Петковиќ.

Задоволството од реакциите на публиката не го кријат ни главните актери во претставата, кои велат дека им била чест да го затворат фестивалот, но и да соработуваат како одличен тим.

Уживав додека работевме, иако имавме малку време сепак немаше тензија, убаво работевме, имаше многу убава атмосфера, сите бевме опуштени и се смеевме и мислам дека и тоа придонесе и е многу важно за да произлезе добра комедија. – изјави Алексадра Милановска.

Со ставот на Милановска се согласи и нејзиниот колега, актер во претставата, Марко Трајковиќ.

По мое гледање претставата супер излезе со оглед на тоа колку малку време имавме да ја направиме. Ми беше чест да работам со овие колеги и мислам дека извадивме добар продукт на крајот – изјави Трајковиќ.

Инаку поради големиот интересе за оваа претстава истата ќе се игра повторно на 2-ри и 3-ти ноемри, а на репертоарот на кумановскиот театар до тогаш ќе можете да ја проследите монодрамата „Јане Сандански“ на 23-ти овој месец, а веднаш потоа на 24-ти реприза од претставата „Зад кулисите“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.