Со помош на детектор за метал, открил напиток на вештерка: Заб и коса лебделе во шишето, а тоа не е најлошото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шише со напиток на вештерка, кое многу го користеле луѓето во текот на 19 век, го пронашол Крис (46), кој се забавувал додека ја истражувал шумата со детектор за метал.

Loading...

Сад направен од викторијанско стакло, Крис Лангстон го пронашол со помош на детектор за метал во шума во Освестри на северот на Велика Британија.

Кога го ископал шишето од земјата, се воодушевил од она што го нашол во него. Кога ја свртел стаклената тегла, видел заб како лебди во малку течност. Подоцна дознал дека станува збор за урина.

Експертите од Археолошкиот институт кои го испитале шишето изјавиле дека најверојатно станува збор за напиток што некогаш се користел за да се спречи влегувањето на злите духови и болести во домот.

 

 

– Порано постоело верување дека ако некои делови од телото што му припаѓаат на сопственикот на куќата се закопани, тоа би спречило злите сили да го нападнат семејството – велат експертите.

Loading...

Крис продолжил да ја истражува оваа област и со она што го нашол во близина, уште повеќе се изненадил. Затрупаните глави на кукли пронашол на неколку места, за кои верува дека се исто така дел од некои ритуали.

Наскоро решил да ги врати сите предмети што ги пронашол од каде ги нашол, со цел да избегне проклетство да им се пренесе на него и на неговото семејство.

Пред да го стори тоа, тој го испратил шишето до Институтот за археологија, каде што му потврдија дека шишето потекнува од периодот помеѓу 1860 и 1900 година.

Крис, кој се занимава со наоѓање работи со помош на детектор за метал, вели дека ова е четврти пат да дојде во оваа шума, но дека нема идеја што ќе најде овој пат закопано во близина на дрво.

 

 

– Добрата работа е што имав камера со мене, па можев да фотографирам и да снимам сè. Еднаш пронајдов шише со сина течност, но не беше притајно како ова – рече Крис.

Loading...

Тој рече дека видел прамен коса во шишето и дека тоа го инспирирало да продолжи да копа. Кога успеал да го извади садот, видел заб како лебди во матната течност.

Крис веднаш го објавил своето откритие на својот Инстаграм профил, а неговото откритие предизвика голема дебата во коментарите.

Додека некои му велеа веднаш да го врати пијалокот таму каде што го нашол бидејќи нешто лошо ќе му се случи, други го советуваа да го чува шишето како сувенир или да го продаде.

Дали верувате во магија и што би направиле на негово место?

 

Leave a Reply