Со овие 10 навики луѓето ќе ве сметаат за поинтелигентни

Сподели со своите пријатели

Ништо нема да ви го одземе коефициентот на интелигенцијата во очите на другите како лошиот правопис. Дури и кога станува збор за случајни разговори на социјалните мрежи.

Loading...

Во продолжение дознајте десет навики со кои можете да делувате поинтелигентно во очите на останатите.

ПОДОБРЕТЕ ЈА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ: 7 хобија кои ве прават поинтелигентни

Бидете во тек со тековните настани

Никогаш не им покажувајте на луѓето дека немате идеја што се случува во светот. Ова не значи дека треба да ги следите сите новости, но барем да бидете информирани за основните настани, секако е пожелно.

Внимавајте на правописот

Ништо нема да ви го одземе коефициентот на интелигенцијата во очите на другите како лошиот правопис. Дури и кога станува збор за случајни разговори на социјалните мрежи, малку внимание во насока на граматиката ќе остави впечаток дека сте попаметни.

Обожавате црн хумор? Тоа укажува дека сте интелигентни!

Loading...

Организирајте се

Уредноста и организацијата покажуваат дека сте добро подготвени за вашите задачи, а со тоа и луѓето околу вас ќе ве сметаат за поинтелигентни. Подгответе се однапред за деловни состаноци и вечери. Ќе знаете повеќе за темите што ве чекаат и ќе оставите поинаков впечаток.

Поставувајте паметни прашања

Без разлика на тоа што некој со кого разговарате зборува за некоја тема и област што не ви е позната, слушајте и поставувајте прашања. Не е срам да не се знае, а љубопитноста е уште еден знак на интелигенцијата.

Интелигентните луѓе живеат подолго

Облечете се убаво

Некои истражувања покажауваат дека луѓето кои се атрактивно облечени, исто така, се сметаат дека се поинтелигентни. Затоа, внимавајте на стилот на облекување.

Бидете претпазливи кога се изразувате

Loading...

Луѓето кои зборуваат јасно и разбирливо, се сметаат за поинтелигентни. Умот владее со вашето однесување и со зборувањето драматично ќе го подобрите начинот на кој другите ве гледаат.

Луѓето што имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни

Вежбајте правило на држење

Говорот на телото игра голема улога во комуникацијата со другите. Правото држење на телото ве прави да делувате посигурни, но и поинтелигентни.

Работете на самодовербата

Студиите покажуваат дека луѓето кои делуваат самоуверено, не само што се перцепираат себеси како такви, туку всушност минуваат подобро на усни испити и презентации, дури и ако ги преценат нивните способности, пишува Reader Digest.

Leave a Reply