Интелигентните луѓе живеат подолго

Сподели со своите пријатели

Паметните луѓе подолго живеат, покажа новото истражување објавено во Британскиот медицински магазин.

Loading...

Научниците долго ја набљудувале врската меѓу високата интелигенција и подолгиот живот и веруваа дека луѓето кои постигнале високи резултати на тестовите за интелигенција имаат поголема веројатност да бидат образовани и повеќе заработка, а тие фактори ја зголемуваат веројатноста да се доживее длабока старост.

Меѓутоа, ова истражување потврди дека лицата со висок коефициент на интелигенција имаат вродено здравје.

Во текот на истражувањето за причина за смрт на голем број испитаници чиј IQ е документиран во нивното детство, истражувачите откриле дека покрај висината на примањата и пушењето, и интелегенцијата е поврзана со причините за смрт.

Откриена е силна врска меѓу нашата интелигенција и респираторните и срцевите болести како и со мозочните удари.

Интелигентните жени обожаваат секс за една вечер

Таа врска постои и меѓу интелигенцијата во детството и смртта предизвикана од повреди, рак, болести на дигестивниот тракт и денецијата.

Leave a Reply