14.02.2020 07:45

Обожавате црн хумор? Тоа укажува дека сте интелигентни!

Facebook Twitter Google+

Дали се смеете на шеги за смрт, болести и за катастрофи? Дали некогаш луѓето замолчуваат и можеби малку се навредуваат од вашиот „извртен“ хумор? Нека ви биде жал за нив, затоа што тие можеби да не се паметни како вас.

Ново истражување предлага дека луѓето кои сакаат темни, болни шеги се рангираат повисоко кога станува збор за интелигенцијата.

Loading...

Интелигентните луѓе живеат подолго

Новата студија, објавена во научното списание Cognitive Prosessing, се состоела од 156 учесници на кои им било зададено да ги оценуваат цртаните филмови кои содржат болен хумор во книгата „Црната книга” од Ули Штајн.

Истражувачите од Медицинскиот универзитет на Виена им задале на учесниците да оценат дали тие ја разбрале шегата, дали мислеле дека е добра шега и дали сметале дека е изненадувачка, вулгарна или интересна.

Експертите велат дека карактерот се гледа низ погледот: Што бојата на очите кажува за вас?

Тие исто така ги измериле учесниците во карактеристики како вербална и невербална интелигенција, нарушувања во расположението и агресивност.

Студијата била мала, но резултатите ќе ги одмаздат сите кои некогаш кажале „црн виц“ на кој другите не се смееле. Луѓето кои го разбирале и уживале во мрачниот хумор исто така имале повисоки резултати на тестовите за вербална и невербална интелигенција.

Исто така, било поверојатно тие да имаат повисоки нивоа на едукација и се рангирале ниско во однос на агресија и нарушувања на расположението. Овие резултати биле контролирани за фактори како што се возраст и род.

Луѓето што имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни

Loading...

Па зашто постои поврзаност помеѓу црниот хумор и интелигенцијата? Истражувачите велат дека ова може да е поради тоа што се потребни и когнитивни и емотивни вештини да се разберат шегите и да се сфати нивниот хумор.

А затоа што црниот хумор е посебно сложен, потребна е висока интелигенција и ниско ниво на агресија да се разбере дека извртените шеги се само тоа – шеги – и не треба да се сфаќаат премногу сериозно.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments