Со лице изгорено од сулфурна киселина, храбра Индијка споделува мејкап совети (видео)

Сподели со своите пријатели

Како многу 18 – годишни девојки, таа е весела, разиграна и смела девојка која на каналот Јутјуб споделува мејкап совети и туторијали за шминкање.

Loading...

Но, тоа што ја прави различна од другите девојки кои се натпреваруваат со интернет совети е тоа што лицето на оваа девојка е изгорено со сулфурна киселина, и што таа не гледа на левото око.

Решма Кереши доживеала трагедија кога заминала во посета на својата сестра во северниот град Алахабад во Индија, кога нејзиниот зет за сестра и фрлил сулфурна киселина во лице, така предизвикувајќи длабоки изгореници и губење на видот на левото око.

Како поддршка од индиска невладина организација која работи со жртвите од напад со киселина, отворен е и туторијал за шминка, кој на жртвите им нуди совети за убав излед и покрај длабоките рани.

Нападот со фрлање киселина на лицет во Индија е доста присутна појава, и со овие туторијали се прави обид да се развие свеста за последиците и намалување на степенот на овој вид злочин.

 

 

 

Loading...

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.