Со крводарителска акција ЛДП го одбележа 19-от роденден (фото)

Сподели со своите пријатели

Во рамките на одбележувањето на 19-от роденден на ЛДП, Општинскиот одбор на партијата од Куманово на 19-ти април во периодот од 10 до 12 часот во просториите на Одделот за трансфузиологија при Општата болница во Куманово успешно ја организираше традиционалната крводарителска акција.

 

Loading...

2

 

Партиските симпатизери ја покажаа својата хуманост на дело, при што беа собрани вкупно 22 крвни единици.

Истиот ден вечерта во партиските простории се одржа свечена седница на Општинскиот одбор во проширен состав при што пригодно беше одбележан 19-от роденден на партијата.