Петок и сабота во Куманово се резервирани за 12-то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал, на кој годинава учество ќе земат над 120 музичари од регионот.
Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура и Фондацијата за култура и спорт Куманово и годинава граѓаните ќе уживаат во звуците на тамбурата под отворено небо на градскиот плоштад.
Куманово преку оваа манифестација се естаблира на картата на тамбурашките фестивали ширум Блаканот и пошироко како единствен град од единствен од ваков вид во Македонија со ваков вид на музицирање. Значи крај на август, последната недела е терминот за оваа манифестација. Оваа година ќе се организира два дена фестивалот и ќе учествуваат шест ансамбли – изјави градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Loading...
Тој ги повика сите граѓани да уживаат на градскиот плоштад со добра музика и забава под отворено небо.
Традицијата продолжува, на двете фестивалски вечер со почеток во 20:30 часот, пред Батко Ѓорѓија ќе има фешта. Ќе имаме најброен фестивал, квантитетот раѓа квалитет, ќе имаат можност граѓаните да пратат програма со големи тамбурашки орекстри за прв пат. Сите оркестри бројат од 20 до 25 члена, освен ние како домаќини кои се уште сме на бројка од 5-6 луѓе, но имаме 5-6 оркестри од таков вид во градот, па можеме следната година да напарвиме градски тамбурашки оркестар во поголем состав – рече Нино Величковски, уметнички директор на фестивалот.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.