Со едноставен тест на крвта, научниците можат да ја предвидат смртта

Сподели со своите пријатели

Лекарите веќе можат да го предвидат ризикот од смрт на пациентите во следната година, врз основа на индикатори како што се крвниот притисок и нивото на холестерол.

Loading...

Германските научници развија тест на крвта што може да ги утврди ризиците од смрт во наредните 10 години. Тим на експерти од Институтот за биологија Мек Пленк спроведе студија во која учествуваа 44.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 109 години.

Тие го проценија ризикот од смрт кај волонтери врз основа на т.н. општо прифатени фактори, вклучувајќи индекс на телесна маса, крвен притисок, нивоа на холестерол, консумирање алкохол, пушење и веројатност за појава на карцином или срцеви заболувања. Анкетата траеше 16 години и за тоа време починаа вкупно 5.512 учесници.

Во примероците на крв, експертите барале метаболички биомаркери. Според резултатите од студијата објавена во списанието „Nature comunication“, биле идентификувани 14 крвни биомаркери кои укажуваат на голема шанса за долг живот. Според нив, научниците го процениле ризикот од смртност кај другите учесници.

Анализата на овие карактеристики покажува дека 83 проценти од биомаркерите се точни во предвидување дали некое лице ќе умре во наредните 10 години, пишува Спутник.

Научниците сега планираат да ги тестираат своите резултати во идните студии и се надеваат дека оваа студија, со своите резултати, еден ден ќе воведе крвни тестови што ќе помогнат во контролата на третманот на пациентите.

Leave a Reply