Со домати во борба против канцерот

Сподели со своите пријатели

Конзумирајќи домати и прозиводи од нив, повеќе од два пати неделно, се намалува ризикот од рак на простата за 21 до 43 проценти. Ова се податоци добиени од истражување на Д-р Едвард Џованучија кој вели дека ликопенот е најважната состојка на доматите за превенција од ракот.

Ликопенот помага во спречување од рак на матката. Доматот е добар и за очите, кај кардио-васкуларните заболувања, а богат е и со витамини А, Ц и калциум. Производите од доматот се добри не само како превентива, туку и како дел од терапија за агресивен канцер кој се јавува по целото тело.

Сос од домати, супа од домати и сок од домати се најдобар извор на ликопен, според истражувањето спроведено во Њујорк. Во доматите кои се добиени од органско производство го има три пати повеќе.

Ликопенот е добар и за спречување на рак на дојка, панкреас, проста и тестиси. Податоците покажуваат дека е добар и за намалувањена ризикот од срцев удар.

Храната богата со варен домат ја штити кожата од штетните УВ зраци и го успорува стареењето, според една студија на универзитетите во Манчестер и Њукасл. Кај луѓето кои конзумирале варен домат, ретко се јавуваат опекотини од сонце и забележано е зголемено ниво на проколаген, протеин важен за зачувување на структурата на кожата.

Научниците веруваат дека ликопенот ги неутрализира слободните радикали кои се јавуваат како резултат од изложеност на сончевите зраци, кои се поврзани со ракот и стареењето. Но доматите не треба да се единствената заштита од сонцето, користење на крема за сончање може многу да помогне.