„Со блокирање на пристапот до лекови, Русија врши злосторство против човештвото“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко ги обвини руските власти дека извршиле злосторство против човештвото со блокирање на пристапот до лекови на окупираните територии.

Loading...

Во интервју за АП, министерот за здравство на Украина рече дека руските власти постојано ги блокирале напорите за обезбедување на украински лекови субвенционирани од државата на луѓето во окупираните градови и села.

„Во текот на сите шест месеци од војната, Русија не (дозволи) вистински хуманитарни коридори за да можеме сами да им обезбедиме лекови на пациентите на кои им се потребни“, рече Љашко во Министерството за здравство во Киев во петокот навечер.

Тој рече дека Русија тоа го направила „намерно“ и оти Киев верува дека тоа се злосторства против човештвото и воени злосторства кои ќе бидат документирани.

Украинската влада има програма која обезбедува лекови за луѓе со рак и хронични болести.

Уништувањето на болниците и инфраструктурата заедно со раселувањето на околу седум милиони луѓе во земјата, исто така, ги попречија другите форми на лекување, според податоците на Обединетите нации и украинските власти, пренесува Бета-АП.

Светската здравствена организација соопшти дека регистрирала 445 напади врз болници и други здравствени установи за време на руската инвазија.

Љашко предупреди дека секундарните ефекти од тие напади се многу посериозни.

Loading...

„Кога патиштата и мостовите се оштетени во областите кои сега се под контрола на украинските сили, тешко е да се однесе во болница некој што имал срцев или мозочен удар… Затоа војната носи многу повеќе жртви“, рече министерот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.