Со апели на Инстаграм, родители успеаја да го усреќат болниот син (видео)

Сподели со своите пријатели

Ако размислувате на моментите кога се работи за борба за живот, тогаш нема ништо пореално од детската борба за спас од карцином.

Loading...

Малиот Џереми (7) во моментот се наоѓа на Детската клиника во Лос Анџелес откако му бил дијагностициран агресивен облик на тумор на мозокот и кичмената срцевина.

Откако му е дијагностицирана болеста во мај оваа година, тој почнал секојдневно да ја слуша песната “Fight Song” или во превод борбена песна, во оригинална изведба на поп пејачката Рејчл Пелтн, давајќи му сила на малиот Џереми така да го преживее секој нов ден.

Родителите на Џереми одлучиле својот син да го запознаат со пејачката, организирајќи кампања #RachelMeetJeremiah на Инстаграм, за да нивните пораки допрат до пејачката.

Оваа песна ја напишав кога се наоѓав на најголемата раскрсница во мојот живот, и кога мислев дека немам сила да живеам. Песна ми ја врати довербата во сè, во себе… – раскажува пејачката која била поласкана што малиот Џереми нашол утеха во неа.

Послушајте ја песната и обрнете внимание како малото болно детенце се радува на несекојдневниот гест.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.