Снимка од змија што паѓа од таванот ги шокираше луѓето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Корисниците на Редит биле шокирани од снимката на едно лице чија надзорна камера го снимила моментот кога огромна змија паднала од таванот на подот. Имено, семејството се бори со наезда на стаорци на нивното поткровје, па ги вклучиле камерите за да проверат дали функционираат стапиците што ги поставиле.

Loading...

„Ова се случи вечерва. Отворен сум за предлози“, напиша авторот на видеото кое првично беше споделено во локална група на Фејсбук. Тој додал дека змијата ја нарекле Сссали и пронашле дупка низ која во нивниот дом влегле стаорци и змии.

„Стаорците можат да имаат легло од 12 младенчиња на секои осум недели. Дури и кога гладна змија јаде еден стаорец неделно, два стаорци може да се претворат во повеќе од 1.000 за помалку од една година. Затоа набавете повеќе змии или држете се до стапиците што сте ги поставиле. “, вели едно лице.

Според една статија напишана од Кејт Латам за Insect Cop, женските стаорци се способни да раѓаат во просек 40 бебиња годишно. Стаорците исто така можат да се репродуцираат само 48 часа по раѓањето, што го отежнува контролирањето на популацијата на стаорци.

Иако змиите често се користат за фаќање глодари, особено стаорци и глувци, не е секогаш можно една змија да го реши проблемот со наездата на стаорци, бидејќи тие обично не јадат повеќе од еднаш неделно.

 

 

Loading...