Снимка од убиство на беспомошен лав на спиење го згрози светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осуди се упатени кон човекот кој на интернет постави снимка на која се гледа како со пушка убива лав кој спие, а реакциите доаѓаат од сите страни на светот.

Loading...

На снимката, која на својот Твитер профил го пренела и организацијата „Protect All Wildlife“, може да се видат двајца луѓе како првин се доближуваат до животното, а потоа едниот го убива, по што двајцата се радуваат за стореното.

Лавот, кој претходно мирно спиел на земјата, погоден е со првиот куршум и започнува да се подига, по што „ловецот“ пука уште еден куршум и повторно го погодува животното.

Снимката, но и самиот чин го згрози целиот свет.

https://twitter.com/Protect_Wldlife/status/1107708673747501056

Leave a Reply