Снимка од нуклеарниот воз на Путин предизвика паника (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимки од руски воз кој носи нуклеарна опрема кон украинското бојно поле дополнително ги поттикна стравувањата дека Владимир Путин може да тестира нуклеарно оружје.

Loading...

Видеото е објавено на промосковскиот телеграмски канал Rybar и е преземена во централна Русија.

На него се гледа како возот, кој е поврзан со 12-та главна управа на Министерството за одбрана, превезува транспортери и други оклопни возила.

Воениот аналитичар Конрад Музика рече дека 12-та главна дирекција е одговорна за руското нуклеарно оружје, неговото складирање, одржување и издавање на единиците, пишува Sky News.

Посејдон – оружје на апокалипсата

Музика смета дека оклопните возила ќе се користат исклучиво за заштита на нуклеарните единици и дека објавувањето на видеото веројатно е некакво предупредување за Западот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Имено, вознемирувачкото видео се појави кога беше објавено дека Русија ќе го тестира своето таканаречено „оружје на апокалипсата“, односно нуклеарното торпедо Посејдон.

Торпедото е на подморницата К-329 Белгород, која плови кон Арктикот каде, според весникот Ла Република, руската војска има намера да го тестира.

Музика рече дека транспортот на воена опрема што им припаѓа на единиците со нуклеарно оружје не мора да значи дека Русија се подготвува да распореди нуклеарно оружје во Украина.

Loading...

Три можни сценарија

„Можеби ова е сигнал до Западот дека ситуацијата во Украина ескалирала. Сепак, можеби станува збор за транспорт на опрема на руските стратешки ракетни сили (РВСН), кои наесен одржуваат воени вежби и обука. Исто така, станува збор за испраќање опрема за вежба за нуклеарно одвраќање „Гром“, рече Музика, како што пренесува Дејли мејл.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

RVSN е гранка на руските вооружени сили што ја формира основата на националната програма за нуклеарна одбрана.

Се состои од десетици полкови кои контролираат илјадници нуклеарни оружја и интерконтинентални балистички ракети (ICBM).

Во воените вежби „Гром“ единиците на руските копнени, воздушни и поморски нуклеарни сили се здружуваат за да го тестираат одговорот во случај на нуклеарен конфликт.

Последен пат се одржаа во октомври 2019 година.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...