Снимен моментот кога дрон удри во руски брод. „Го натоваривме со 450 килограми ТНТ“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) извршила специјална операција во Новоросијскиот залив во Русија при што поморски дрон го оштетил големиот десантен брод Оленегорски Горнијак, потврдил за „Украинска правда“ извор од СБУ.

Loading...

„Видеото покажува површински дрон на SBU натоварен со 450 килограми ТНТ како напаѓа непријателски брод со околу 100 членови на екипажот“, рече тој.

Извори од СБУ нагласија дека специјалната операција била изведена заедно со украинската морнарица.

Како резултат на нападот, рускиот брод сега има голема дупка во трупот и моментално не може да ги извршува своите борбени задачи.

„Затоа, сите изјави на Русите за таканаречениот одбиен напад се лажни“, нагласува изворот.

Русите тврдат дека го одбиле нападот

Украинските разузнавачи истакнуваат дека ова не е прва успешна специјална операција на СБУ во која учествуваат поморски дронови.

Претходно, Васил Малиук, шеф на Службата за безбедност на Украина, потврди дека СБУ стои зад нападот на руските бродови во заливот Севастопол во октомври 2022 година и неодамнешниот напад на мостот на Крим.

Да потсетиме, рано утринава Русија објави дека ги одбила нападите на украинските поморски и воздушни беспилотни летала врз нејзината поморска база во Новоросијск на Црното Море и на анектираниот полуостров Крим.

Loading...

„Синоќа украинските вооружени сили со помош на два брода без екипаж се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск. Бродовите без екипаж беа откриени и уништени со редовен оган од руски бродови што ја штитат поморската база“, наведоа тие.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.