„Снежана и седумте џуџиња“ е лош за новите генерации: Цртанот на Дизни мета на критики!

Сподели со своите пријатели

Цртаните филмови со кои пораснаа генерации во последните години се повеќе се мета на критики под обвиненија за некоректност – прво го цензурираа Елмер кој во новата верзија го лови Душко Долгоушко без пушка, а потоа ги забранија Петар Пан, Маза и Луња, Дамбо, поради расизам и предрасуди.

Loading...

Ако мислевте дека барем еден цртан филм од вашето детство ќе остане недопрен од критиките на современото општество, не сте во право!

„Снежана и седумте џуџиња“ сега е мета, бидејќи, како што велат критичарите, има недозволен бакнеж!

Принцот ја бакна да ја спаси, но тоа очигледно не е доволно добра лекција за децата…

 

 

Да се ​​вратиме на почетокот – по пауза од повеќе од 400 дена, Дизни паркот во Калифорнија ги отвори вратите минатата недела, и беше збогатен со нова содржина наречена „Волшебната желба на Снежана“.

Loading...

Токму тоа ги поттикна Кејти Дауд и ули Тремајн да објават рецензија на порталот SFGate во кој го критикуваат познатиот цртан филм за „бакнежот што еден принц и го дава на Снежана без нејзина согласност додека спие, што никогаш не може да биде вистинска љубов ако знае само една личност што се случува“.

„Зарем веќе не се согласивме дека согласноста во раните филмови на Дизни е главниот проблем? Дека учењето деца да се бакнуваат, кога не е потврдено дека двете страни доброволно учествуваат во тоа, е погрешно“, напишаа тие.

„Тешко е да се разбере зошто Дизниленд би вклучил сцена во 2021 година со ваква старомодна идеја за тоа што е дозволено мажот да и прави на жена“, додаваат тие.

 

 

Очекувано, нивните критики наидоа на спротивставени коментари на социјалните мрежи, а многумина им рекоа дека претеруваат!

„Снежана сè уште ќе спиеше ако зависеше од вакви лудаци“, беше еден од коментарите, додека друг гласеше „Престанете да ги критикувате класиците што не натераа сите да сакаме среќен крај, соништа и можности за подобро. Родителите треба да ги учат децата за согласноста, како и разликата помеѓу реалниот живот и бајките. Јас пораснав со бајки и добро ја разбрав важноста на согласноста. Нека децата уживаат во магијата на бајките“.

Loading...

Дизниленд рече дека тие „сакаат нивните гости да ги видат потеклото и традициите што се рефлектираат во приказните, искуствата и производите со кои се среќаваат во интеракција со Дизни“.

 

Leave a Reply