Сметките за струја од август ќе бидат пониски за 0.33 проценти

Сподели со своите пријатели

Цената на електричната енергија за крајните корисници од денес се намалува за 0,33 проценти.

Loading...

Регулаторната комисија за енергетика, на одржаната подготвителна седница ги разгледа извештаите од енергетските компании и одлучи цената на струјата да се намали за 0.33 проценти.

Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров, на вчерашната прес-конференција истакна дека намалувањето се должи на намалените трошоци и на намалените приходи на компаниите.

Најголемо учество во крајната цена ќе има ЕЛЕМ 50,6 проценти, ЕВН 44,16  и МЕПСО 5,24 проценти.

Сметките со новата намалена цена на струјата, граѓаните ќе ги добијат во август.