Случајно направена снимка од 13.000 часа

Сподели со своите пријатели

YouTube го отстрани популарниот канал за слушање музика. Со тоа направи едно од најдолгите видеа во историјата.

Loading...

Повеќето луѓе знаат за популарниот LoFi хип-хоп канал ChilledCow како постојан стриминг на кој се гледа аниме девојка како ги извршува домашните задачи. За време на викендот, овој профил беше избришан по грешка, а стримингот завршен.

Јутуб канали на кои луѓето ги ризикуваат своите животи (ВИДЕО)

Како резултат на тоа, ChilledCow имаше едно од најдолгите видеа во историјата – нивниот клип траеше повеќе од 13.000 часа и имаше 218 милиони прегледи.

Само еден ден откако Димитри, сопственикот на каналот бил известен дека неговиот канал ги прекршил условите за користење и е суспендиран, ЈуТјуб ја укина забраната.

Димитри започна нов стриминг, а оригиналниот се појави како видео што не може да се репродуцира.

Петгодишната Анастасија годишно заработува 18 милиони долари од Јутуб (ВИДЕО)

Со кликнување на него се прикажува порака во која се вели: „преносот во живо не е достапен“.

Loading...

„Мојот профил е вратен, ви благодарам многу за вашата огромна поддршка. Благодарен сум што имам таква неверојатна заедница“, напиша Димитри на Твитер на 23-ти февруари за ChilledCow, пренесува The Verge.

Јутјуб, од друга страна, призна дека вината е нивна.

Гугл по прв пат објави колку заработува од Јутуб

Каналот е вратен, стримингот е таму, единствената разлика е во тоа што се вели дека репродукцијата започнала на 22 февруари годинава.

Leave a Reply