Петгодишната Анастасија годишно заработува 18 милиони долари од Јутуб (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Анастасија Раџинскаја е петгодишна Русинка и трета најплатена Јутјуберка, која заработува повеќе од 18 милиони долари од нејзиниот канал годишно.

Loading...

Првите чекори ги направи на оваа популарна платформа пред нешто повеќе од една година, кога со родителите се пресели во Флорида.

Гугл по прв пат објави колку заработува од Јутуб

За да на своите пријатели и на семејството им го доловат новиот живот, како и на закрепнувањето на здравјето на Анастасија, семејството започнало да прави видеа.

Имено, Анастасија Раџинскаја, попозната како Настија, е родена со церебрална парализа.

Лекарите предвидувале дека девојчето никогаш нема да зборува заради сериозната болест. Но, тие сигурно не биле во право за тоа.

Јутуб воведува нови правила, популарните јутубери негодуваат

Денес, оваа петгодишна Русинка зборува дури три јазика – руски, англиски и шпански, а таа секојдневно ги споделува своите говорни вештини, како и семејни радости преку дури шест канали Јутјуб со скоро 107 милиони претплатници.

Loading...

фото: Youtube printscreen

Поради оваа појава, многу експерти од оваа област го нарекуваат светски најбрзорастечки креатор на видео.

Поголемиот дел од нејзината содржина е креирана во соработка со родителите, поточно со нејзиниот татко, а нејзин најголем хит беше посетата на Зоолошката градина во 2018 година која е прегледана повеќе од 767 милиони пати.

16 милиони прегледи: Им дава кредитна картичка и им вели да потрошат колку можат (ВИДЕО)

По веќе дигиталниот успех, девојчето планира да започне и своја линија на играчки, мобилна игра и книга што треба да излезе оваа година.

Патем, осумгодишниот Рајан Каји со својот канал Ryan’s World сè уште ја има лидерската позиција како најплатениот Јутјубер.

Неговата годишна заработка достигнува неверојатни 26 милиони долари, проследено со повеќе од 22 милиони луѓе ширум светот.

Loading...

Словачка јутјуб-ѕвезда на 23 години веќе „тежи“ седум милиони долари

Списанието „Форбс“ го рангира каналот „Dude Perfect“ на второто место, кое го водат 30-годишни пријатели Коби Котон, Кори Коритон, Гарет Хилберт, Коди Џонс и Тајлер Џонс и заработуваат околу 20 милиони долари годишно.

Leave a Reply