Сложувалката за регионите на Русија, која посетителите можат да ја купат во паркот „Зарјаџе“ во Москва, го краси интересен детал – Крим кој не може да се поместува.
Сите делови на сложувалката – сувенир, кои ги претставуваат регионите на Русија, може слободно да ги поместите на металната табла, додека Крим, кој Русија го присвои во 2014 година, е залепен за таблата.
Loading...
„Зарјаџе“ е најмладиот московски јавен парк. Свечено беше отворен во септември оваа година, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин.