Словачкиот премиер: Ако Украина падне, ние сме следни

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина.

Loading...

Хегер за време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија рече: „Ако Украина падне, Словачка е следната“.

 

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

„Украина мора да победи“, рече Хегер на панелот на кој присуствуваа голем број европски политички и деловни лидери.

Словачкиот премиер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија и ги повика европските лидери да „престанат да ги компромитираат“ нивните принципи кога имаат работа со Русија.

 

Loading...

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка, подготвен сум директно да разговарам со Путин

 

„Ние, всушност, предолго ги продававме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Зборуваме за агресивна војна, во која луѓето масовно гинат. Украинците ја пролеваат својата крв за нашите вредности, не мораме“, рече Хегер.