Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка, подготвен сум директно да разговарам со Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Донбас е „исклучително тешка“ и оцени дека редовното снабдување со оружје за Украина е најдобрата стратегија за одржување на глобалната стабилност.

Loading...

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека мнозинството руски сили биле концентрирани на нападот во Донбас, пренесува Би-би-си.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

„Лиман, Попасна, Северодоњецк, Славјанск – окупаторите сакаат да уништат сè таму“, рече Зеленски.

Според неговата проценка, снабдувањето на Украина со тешко оружје – повеќецевни ракетни фрлачи, тенкови и противбродско оружје е најдобрата инвестиција за одржување на стабилноста во светот и спречување на многу тешки кризи кои Русија сè уште ги планира или веќе ги предизвика.

Подготвен сум само директно да разговарам со Путин

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а не со помош на посредник.

 

ОН ги повикаа Талибанците да ги укинат ограничувањата за девојчињата и жените

 

Тој додаде дека „доколку рускиот претседател ја разбере реалноста, постои можност да се постигне дипломатско решение на конфликтот“, објави Ројтерс.

Зборувајќи пред публиката на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека Украина ќе се бори додека не ја врати целата своја територија.

Украинскиот претседател рече дека Москва треба да ги повлече своите војници на местото каде што беа пред почетокот на нападот, на 24 февруари.

 

Loading...

 

Гувернерот на Луганск: Русите едноставно го бришат Северодонецк од лицето на земјата

 

„Ова може да биде првиот чекор кон разговорите“, рече Зеленски.