Словачка дава милион евра за информации за убиство на новинар

Сподели со своите пријатели

Јан Куцијак, кој се занимавал со приказни поврзани со затајување данок и неговата девојка убиени се во нивната куќа.

Словачкиот истражувачки новинар и неговата девојка убиени се во местото Голема Мача, источно од престолнината Братислава, а Владата понудила милион евра за информации кои можат да помогнат во пронаоѓањето на одговорните за убиството.

Телата на 27-огидшниот новинар Јан Куцијак и неговата партнерка се пронајдени во недела навечер во неговата куќа, рекол шефот на полицијата Тибор Гашпар.

Полицијата во неговиот дом влегла на барање на загрижен член на семејството.

Гашпар рекол дека Куцијак има прострелни рани во градите, а жената во главата.

Се проценува дека се убиени помеѓу четврток и недела.

Куцијак (27) работел за сајтот Aktualne.sk а се занимавал со приказни поврзани со затајување данок.

Leave a Reply