„Слободен печат“: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Сподели со своите пријатели

Медицински работници од кумановската болница кои го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив, пишува Мирослава Бурнс за „Слободен Печат“.

Loading...

Во еден од случаите, станува збор за болничарка која водена од хуманоста отишла да донира крвна плазма за да му помогне на друг човек да се излекува и при стандардните рутински проверки кои му се прават на секој излекуван пациент, дознала дека всушност во моментот е носител на вирусот и дека не може да донира. Оваа информација била шокирачка за сите, си помислиле да не е грешка, но набрзо се појавил уште еден ист случај.

Повикувајќи се на изјава на директорката на кумановската болница Снежана Захариева, Слободен печат пишува и за медицинска сестра која била асимптоматска и на втори април била позитивна. Потоа се негативизирала и тргнала на работа, но почнала да покажува симптоми и повторно била тестирана, при што тестот излегол позитивен.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Leave a Reply