Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава времето во Македонија беше малку до умерено облачно облачно, претежно тивко и студено. Само на повисоките места и на планините дуваше слаб ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеморолошки работи.

Во утринските часови ќе преовладува сончево и студено , прекуденот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет, а правецот ќе биде од североисток.

Минималните температури ќе се движат од -8 до 0, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 8 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, ќе дува умерен северен ветер, со максимална дневна температура до 4 степени целзиусови. Во текот на ноќта истата ќе се спушти 6 степени под нулата.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.