Слаѓана Ѓорѓиевска официјално нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Слаѓана Ѓорѓиевска е нов член на Советот на Општина Куманово која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Денеска официјално беше констатиран престанок на мандатот на нејзината претходничка Емилија Трајковска, која заминува на пратеничката функција во Собранието, на местото на Невенка Стаменковска која во Пржинската влада е избрана за заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација.

– Свечено изјавувам дека правата и должностите на член на советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија, рече Ѓорѓиевска, во својата свечена заклетва пред Советот.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска ѝ се заблагодари на доскорашната колешка Емилија Трајковска за досегашниот ангажман во Советот.

– Во мое име и во име на сите членови на Советот и општинската администацијата да и се заблагодарам на колешката за активното, конструктивното учество во работата на Советот и комисиите, беше добар колега и пријател и посакувам успешна кариера како член на Собранието и се надевам дека како што беше успешен советник ќе биде и успешен пратеник, рече Мургашанска.

Престанокот на мандатот на Трајковска, и верификацијата на мандатот на новата советничка Ѓорѓиевска беа изгласани едногласно од сите членови на Советот на денешната седница.

Leave a Reply