Скоро 6000 бегалци ја поминаа Македонија за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие, на ПФ Гевгелија се издадени потврди на вкупно 5.979 странски државјани, од кои според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.022, Авганистан–1.940,  Ирак-1.014, додека другите се во помал број.

Loading...

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.11.2015 до Одделението  за азил  се поднесени  пет барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Авганистан  со нив се и  четири  деца кои го придружуваат родителот.

На Табановце е укажана прва помош на 856 бегалци, додека на Гевгелија на 5575 лица, информираат од МВР.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.