Скоро 400 точки минале низ Советот на Oпштина Куманово лани

Сподели со своите пријатели

По скоро 400 точки лани се водела дебата на 17 седници во Советот на Општина Куманово, рече денеска претседателката Ивана Ѓорѓиевска презентирајќи го извештајот за реализација на програмата.

Loading...

Како што рече Ѓорѓиевска од вкупниот број седници, 14 биле редовни, две биле за советнички прашања и една од седниците била свечена.

Биле разгледани 115 редовни точки и доплнителни 283 точки предложени од градоначалникот, секторите и советниците.

– Мислам дека овој совет минатата година зборуваше многу транспарентно на многу теми, да се добиваат навремени информации од градоначалникот, раководителите, директорите на јавните претпријатија. Чисто за информација, зборувавме за Затворениот базен, јавниот рпевоз, за санација на кров „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, Градски парк, водовод во Романовце, јавни површини, некои актуелни прашања кои ја засегаа јавноста ги отворавме и мислам дека така треба да продолжи така, рече претседателката Ѓорѓиевска

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Денеска во тек е 18та седница на советот на чиј дневен ред има дваесетина точки.

Никола Ивановски