Скопјанец нападнал полицаец на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен жител на Скопје бил лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник.

Loading...

– На 04.12.2021 во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода Ѓ.Д.(32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски