Скандалот со прислушување ја тресе Грција

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер ги минува можеби најтешките денови од својот мандат досега.

Loading...

Мора да се признае дека немаше недостиг од кризи во Грција по изборите во 2019 година, но сегашниот скандал со прислушувањето може сериозно да го загрози опстанокот на Кирјакос Мицотакис на чело на извршната власт.

Аферата ја открија грчки истражувачки новинари.

Пред неколку месеци беше објавено дека била следена телефонската комуникација на новинарот Танасис Кукакис кој се занимавал со финансиски теми.

На неговиот мобилен телефон бил пронајден софтвер за прислушување „Предатор“. Пред неколку дена беше откриено дека новинарот бил прислушуван од тајната служба.

Но не само тој. А Никос Андрулакис, шеф на социјалдемократската партија ПАСОК, третата по големина партија во таа земја, а воедно и пратеник во Европскиот парламент, откри дека некој се обидел да му инсталира „Предатор“ и на неговиот телефон.

Сепак, политичарот не кликнал на линкот преку кој би се активирала програмата. Наместо тоа, тој ги информирал надлежните служби на Парламентот на Европската унија.

Андрулакис побара објаснување од грчката влада. Притоа дознал дека грчката тајна служба го следела неговиот телефон во времето кога се кандидирал за претседател на ПАСОК.

Loading...

Како што пренесува дневниот весник „Катимерини“, шефот на грчката тајна служба Панајотис Контолеон изјавил дека украинските и ерменските тајни служби побарале од грчките колеги да го следат Андролакис, но амбасадите на тие две земји издале соопштенија во кои тие категорично ги отфрлика овие тврдења.

Оставки во Атина

Во петокот (5 август) оставка поднесоа две познати личности од непосредната околина на премиерот Мицотакис.

Тоа прв го направи Григорис Димитријадис, шефот на кабинетот на Мицотакис, досега десна рака на грчкиот премиер, а воедно и неговиот внук.

Веднаш потоа оставка поднел и шефот на тајната служба Контолеон.

И двајцата тврдат дека премиерот не бил информиран за мониторингот на познатиот новинар и опозициски политичар.

Важно е да се потсети дека Мицотакис, по изборната победа во 2019 година, го префрли и разузнавачкиот сектор во своја лична јурисдикција.

Владата во Атина сега негира каква било поврзаност со шпионскиот софтвер „Предатор“ и двојните скандали со прислушувањето.

Во меѓувреме, Григорис Димитријадис поднесе кривична пријава против новинарската мрежа „Репортерс Јунајтед“, која известуваше за врските меѓу него и компанијата „Интелекса“.

Loading...

Таа израелска компанија се занимава со дистрибуција на шпионски софтвер во Грција. Со овие скандали парламентот во Атина ќе се занимава на седницата закажана за 22 август.

Важноста на тајната служба

Овој понеделник (8 август) премиерот конечно се огласи: „Во нашата демократија не толерираме никакви сенки“, го започна своето обраќање Мицотакис, емитувано на државната телевизија ЕРТ.

„Тоа не требаше да се случи“, призна премиерот – но мислеше само на случајот со прислушувањето на политичарот Андролакис, но не и на следењето на новинарот Кукакис.

Мицотакис не сака да преземе политичка одговорност за скандалите, само укажа на оставките на шефот на тајната служба и до неодамна шеф на неговиот кабинет.

Притоа, Мицотакис намерно и вешто избегна да ја употреби формулацијата „мој началник на кабинет“ и наместо тоа рече: „Не знаев ништо за тоа и не би дозволил“.

Грчкиот премиер ја истакна важната улога на тајната служба и додаде дека таа во иднина треба подобро да се контролира, со помош на план од четири точки.

Службата се соочува со „големи предизвици во Егејското Море и во реката Марица“, рече тој во контекст на конфликтот со Турција.

По емитувањето на изјавата на премиерот, државната телевизија ЕРТ вклучи репортер од бензинска пумпа каде среќен возач пред камера му кажал дека цената на бензинот конечно, по неколку месеци, паднала на помалку од две евра за литар.

Loading...

Ништо за „Предатор“

Новинарката Елиза Триантафилу активно учествуваше во најновите откритија. Таа го критикува фактот што премиерот во своето обраќање не кажа ниту еден збор за нејзиниот колега Танасис Кукакис:

„Мислам дека сите сме обединети во оценката дека е многу загрижувачки кога во демократија се следат и прислушуваат новинари. – изјави Тријантафилу за ДВ.

Според неа, не е добар знак што Мицотакис воопшто не го спомнал софтверот „Предатор“:

„Интелекса има претставништво во Атина од 2020 година“. Би било смирувачко за новинарите, но и за граѓаните, да знаат дека постои политичка волја да се открие кој дал наредба да се користи толку моќен и скап софтвер против цели во Грција?“.

Триантафилу го критикува и фактот дека досега имало немало истраги – иако, вели тој, има бројни индиции дека Кукакис и Андролакис не се единствените кои се цел на напад.

Меѓународните организации долго време со голема загриженост ги следат случувањата во врска со слободата на медиумите во Грција.

Loading...

На индексот за слобода на медиумите објавен од организацијата „Репортери без граници“, Грција, членка на ЕУ, падна за 38 места – и сега е на 108-та позиција од 180 испитани земји.

Така, таа стана најслабо рангирана земја на ЕУ во таа ранг-листа.