Скандал во македонското здравство: Гевгелиските анестеолози ординирале пијани

Сподели со своите пријатели

По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, Основното јавно обвинителство – Велес започна предистражна постапка, информира обвинителството на официјалната веб страна.

Loading...

Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, доставил Наредба за судско-медицински преглед и обдукција на телата на починатите. Во исто време донесена е и Наредба за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари – анестезиолози биле во алкохолизирана состојба.

Според добиените резултати од анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи се покажало присуство на 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите – гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.

Во меѓувреме, Општата болница во Гевгелија соопшти дека е донесена диспциплинска мерка против двајцата специјалисти за прекин на работниот однос. Директорот на болницата претходно даде изјава дека во случај да се потврди дека лекарите работеле под дејство на алкохол, тој ќе си поднесе оставка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.