15.05.2019 02:25

Ситници кои секој маж ги забележува кај жената


Кога станува збор за заведувањето на мажие и делување во насока да заведеме некого, постојат многу работи кои жените ги земаат здраво за готово, а токму тоа е она што мажите најмногу ги привлекува и им изгледа атрактивно и секси.

Нокти

loading...

Често ноктите ги усогласуваме со модните додатоци, а со средувањето на ноктите тежнееме да ги воодушевиме другите жени и да бидеме убави самите себе си. Но, и мажите ги забележуваат ноктите во еден момент. Тоа ним им е показател во кој мерка жените се грижат за себе и својот изглед.

Финансиска ситуација

Доколку заработувате пристојна сума или имате пари ќе бидете привлечни и земени предвид како потенцијална партнерка. Постои многу добра причина за тоа. Иако постојат некои мажи кои немаат никаков проблем со тоа на жените да им обезбедуваат пари, многумина сакаат да бидат сигурни дека не сте со нив заради парите.

Колку сте среќни

loading...

Никој не сака жални врби, особено не мажите кои бараат љубов. Доколку изгледате тажно и здосадено, немојте да се изненадите ако околу вас не видите ниту еден маж.

Самодоверба

Мажите сакаат жени кои се самоуверени и подготвени да се борат за себе затоа што знаат колку вредат и не сакаат да бидат жртви на минувачко задоволство.

Чувство за стил

loading...

Доколку мислите дека модата ја забележуваат само жените, не е така, ја забележуваат и мажите, особено што сте облекле. За поголемиот дел од мажите, начинот на кој сте облечени може да биде пресуден во тоа дали тој воопшто ќе сака да разговара со вас. Некои дури имаат и фетиш на некои парчиња гардероба, како што се хеланки или штикли.

Колку сте социјално активни

loading...

Како што девојките сакаат да се забавуваат со мажи кои имаат доста пријатели, така е и кај мажите.

Колку имате заеднички работи

Доколку мажот е заинтересиран за врска на долги патеки, тој ќе бара девојка која има иста смисла за хумор.

loading...

Вашата насмевка и смеењето

Двете работи мажите сакаат да ги видат и забележуваат доколку тоа кај девојката го нема. Постои причина зошто жените кои често се смеат се попривлечни за мажите.

loading...

Мирис

Голем број мажи кои ги знаеме знаат да полудат поради мирисот на некоја жена, нејзиниот парфем или телото. Доколку носите парфем, тој ќе го забележи вашиот мирисен траг. Доколку мирисате поинаку и тоа ќе го забележат. Тоа е одлично затоа што сетилото за мирис всушност е првото сетило кое го активира сеќавањето.

Колку сте отворени за љубов

Мажите забележуваат жени кои се отворени за контакт со други мажи. Доколку сте во потрага по ново момче, мажите тоа ќе го забележат и ќе бидат поотворени за разговор со вас.

loading...

Извор: yourtango.com / фото: пиксабеј


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments