И здосадило постојано да слуша навреди на сметка на нејзината дебелина, па во 2017 година решила да направи нешто. Јазмине Деј (28), сметководителка од Велика Британија, почнала редовно да вежба, ја променила исхраната и значително ја намалила количината на слатки.
View this post on Instagram
Покрај тоа, таа потрошила 30.000 евра за да го доведе изгледот до совршенство и особено да ги нагласи градите.
– Работев во канцеларија од девет до пет како сметководител, но постојано се борев со депресија поради мојата тежина. Отиде толку далеку што повеќе не ја гледав смислата на моето постоење. И така почнав да го менувам мојот живот. Открив дека мојата страст е кревање тегови – се присетила таа.
View this post on Instagram
За три години изгубила 27 килограми насобрани масни наслаги и добила околу 9 килограми мускули. Освен тоа, платила и за зголемување на градите, подигнување на задникот, а посетила и стоматолог кој и ги направил совршените заби.
„Во моментов сум прилично задоволна со својот изглед и навистина го сакав своето тело“, додала таа, а пренесува The Sun.
View this post on Instagram