Истражување кое било направено од американското Министерство за земјоделство покажува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер правиме грешка.
Јадете лубеница секојдневно: Помага при губење килограми, го зголемува либидото
Имено, како што велат, експертите, лубеницата треба да ја држите на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки кои бги има. Кога е студена, лубеницата губи најголем дел од витамините и хранливите материи.
Како да исечете лубеница во два чекори без течење на сите страни? (ВИДЕО)
Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да создава витамини и хранливи состојки и откако ќе биде наберена, но повторно, само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се успорува.
Во рамките на истражувањето научниците 14 дена ставале лубеница на 21, 12 и 5 степени и се испоставило дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.
– Секоја намирница во фрижидерот губи здрави материи. Затоа лубениците треба да се купат онолку колку што ќе пресметата дека ќе изедете и веднаш да ја консумирате. Ако ви остане, најдобро е да ја изблендирате и замрзнете, па оставете за есен или зима. Секогаш за секое овошје, поголема корист е ако ја косумирате веднаш или неисечена да ја замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога исечена ја ставаме во фрижидер, велат научниците.
Направете си сок од лубеница за три минути (видео)
Лубеницата е една од најдобрите работи со кои можете да се почестите во лето затоа што се состои од 90 отсто вода, па ќе ве хидрира и освежи. Поради тие нејзини својства деална е и за диети, а полна е и со хранливи материи како витамини А и Ц, бетакаротени, ликопен, железо, цинк и многу други минерали.