Сирупот Ефералган е повлечен од продажба во Македонија

Сподели со своите пријатели

Сирупот „Ефералган“, кој се користи како антипиретик и е наменет за детска возраст, од вчера е повлечен од продажба во Македонија, a по барање на францускиот произведувач откако биле откриени мали пластични честички во опремата на пакување на производот.

Од Агенцијата за лекови соопштуваат дека нема простор за паника, пренесува ТЕЛМА, бидејќи не станува збор за промена на квлитетот на лекот и одлуката за негово повлекување е доброволна, од страна на производителот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент.

Досега се повлечени над 1200 сирупи.