Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина

Сподели со своите пријатели

Сирените за воздушен напад денеска се вклучија низ Украина, соопшти Министерството за дигитална трансформација на Украина.

Loading...

Предупредувањето е објавено речиси истовремено во сите региони, а целата онлајн мапа на Министерството е означена со црвено, пренесува РИА Новости.

Според податоците, сирените се огласиле во 11:37 часот по московско време.

Од средината на октомври минатата година, Русија изврши серија воздушни напади со помош на проектили и беспилотни летала против енергетската инфраструктура на Украина, предизвикувајќи прекини на струја во многу области.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.