Сингапурски борбени авиони придружуваа патнички авион откако патник упати закана со бомба

Сподели со своите пријатели

Два борбени авиони на воздухопловните сили на Сингапур го придружувале авионот на Сингапур ерлајнс кој летал од Сан Франциско до аеродромот Чанги, откако патник упатил лажна закана за бомба, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Рано утринава, два наши борбени авиони F16C/D беа активирани за придружба на летот на Сингапур ерлајнс кој полета од Сан Франциско до Сингапур. Ова се должи на сомневањето дека има закана за бомба во авионот“, соопшти војската на Сингапур. во среда, додавајќи:

„Нашите ловци го следеа авионот додека не слета безбедно на аеродромот Чанги.

Војската беше „веднаш активирана“, според официјални лица од Министерството за одбрана кои открија дека заканата за бомба е измама.

Екипи на воената хемиска, биолошка, радиолошка и антитерористичка одбранбена група на аеродромската полиција беа на лице место за да ги потврдат тврдењата“, се вели во соопштението.

Прелиминарната истрага покажува дека 37-годишниот патник наводно тврдел дека има бомба во чантата и го нападнал екипажот.

Увидот на полицијата во моментов е во тек.