Синдикатите протестираа на кумановскиот плоштад (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Членови на конфедерацијата на слободни синдикати и синдикатот за образование, наука и култура од Куманово и соседните градови, денеска, мирно протестираа на градскиот плоштад, барајќи зголемување на платите, за истиот процент за кој е зголемена и минималната плата, исплата на К-15 во јавнит сектор, почитување на законските одреби, на социјалниот дијалог и на законите и колективните договори.

Loading...

-Од овде порачуваме стоп за трансферот од јавниот во приватниот сектор, сведоци сме дека има партиски и родниницски вработувања. КСС ви ветува остро ќе се спротистави за секој отказ на наш член, рече во говорот пред присутните, претседателот на КСС, Благоја Ралковски, истакнувајќи дека и јавниот сектор треба да исплати К-15, но побара и да се решат проблемите што поскоро.

-Не само што ќе влеземе во генерален штрајк, туку и ќе почнеме со судски процеси со кои ќе ги гониме надлежните институции кои ги прекршиле законите, рече Ралковски.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков им се заблагодари на присутните за учеството на протестот и покрај тековните претседателски избори и како што рече притисоците од одредени директори на некои институции. Тој рече дека и во април не се реализирало ветувањето за зголемување на платите на вработените во градинките.

Loading...

-Во културата, други се китат со туѓи перја, некој се обидува предлог колективниот договор што го подготви СОНК да го поништи, да не постои. Други се фалат дека ќе подготват колективен договор, но се уште нема, ништо од таа толку фалена нивелација, рече Неделков.

Неделков рече во образованието, културата, градинките требаше да се зголемат платите и дека никој од надлежните институции нема слух за зголемување на платите.

-Можеби од октовмри 2019, но ние бараме од први јануари 2019, а за периодот што помина ќе бараме ретоактивно да се исплати. Бараме да ни се зголеми минималната плата за процент за кој е зголемена минималната, вели Неделков.

Loading...

Тој обвини дека социјалниот дијалог институциите го водат со, како што рече, репрезентативните синдикати. Тој додаде дека СОНК нема да прифати никакви отпуштања на вработените. Од синдикатите најавија дека протести за одбрана на нивните права ќе продолжат и во иднина.

Текст: МИА / Фото: Кумановски Муабети

Leave a Reply