Силен земјотрес во Турција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Путурге во Малатја, во централниот дел на Турција, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).

Епицентарот бил на длабочина од 9,39 километри, а земјотресот се случил во 6:43 часот наутро по локално време, објави Анадолија.

Во соопштението на AFAD се наведува дека во моментов нема пријавени последици и дека проценката на ситуацијата на терен по земјотресот е во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна индиски воен авион, двајцата пилоти загинаа