Силен земјотрес го погоди Перу, неколку мртви и повеќе повредени (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а 65 се повредени кога земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу.

Гувернерката на регионот аеркипа Јамила Осори објави дека 55-годишен маж страдал кога карпа паднала врз него во областа Јаука.

Втората жртва настрадала во истиот регион, рекол Хернандо Тавера, директор на Геофизичкиот институт во перу за ТВ Перу.

– Неколку куќи се срушени и можно е бројот на жртвите и повредените да расте, рекол Хорхе Чавес, директор на Институтот за цивилна одбрана на Перу.

 

Loading...

 

Перуанскиот министер за здравство навел дека 17 лица се водат како изчезнати, откако се срушил рудник по земјотресот.

АП наведува дека е издадено предупредување за цунами за делови на Перу, како и соседно Чиле, која во меѓувреме е укинато.

Земјотресот, кој се почувствувал до Лима, се случил во 04:18 часот по локално време, додека населението спиело.

https://youtu.be/rL6EZ6wqJMg


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.